Кралскиот пат во Варшава

Booking.com

Доколу се наоѓате во Варшава, задолжително во својата програма за прошетки мора да го вклучите и Кралскиот пат, или барем еден дел од него. Кралскиот пат е називот за делницата која се протега од Замковскиот плоштад (Plac Zamkovy), па се до Паркот Лазјенки (Lazienki). Кралскиот пат се вкрстува со алејата Јерозолимски, една од најважните сообраќајници во градот, а на средина од крстосницата се наоѓа голема вештачка палма.

Атрактивниот дел на Кралскиот пат е оној кој води кон Стариот град и го носи името Нови Свиат, па така ние најмногу ќе се посветиме на тоа што може да видите на овој правец. За почеток збор два за палмата. Кога за прв пат ќе ја видите, ќе си помислите дека станува збор за вистинска палма и со сигурност би се зачудиле како може да се одржува со облед на временските прилики во Полска.

Сепак и тоа не е невозможно, постојат методи на загревање на коренот и стеблото на палмите, со што би се спречило замрзнување на истите, но во овој случај не станува збор за загревање. Палмата е дело на Јоана Рајковска, особа која припаѓа на современата уметност, и која своето дело го инсталирала после посетата на Израел во 2001 година, како би го пренесла духот на Тел Авив во Варшава.

Стеблото е изработено од челик и покриено е со природна кора, додека пак листовите се од полиетилен. Палмата е изработена во Калифорнија и е испратена на градскиот совет, кој првично не знаел што со неа, бидејќи не се работи ни за градежништво, ни за споменик, па ниту за вистинско дрво. Со обзир на тоа што палмата не се вклопувала во веќе постоечките прописи, по одредено време, властите сепак се одлучиле да ја извадат палмата во јавност. Уште од самото поставување таа многу им се допаднала на жителите на Варшава, па така донесена е одлука палмата да биде траен жител на Варшава.

Улицата Нови Свиат е богата со разни продавници и ресторани, па така во попладневните часови, секојдневно се собираат огромен број на луѓе, па доколку сакате на мир да го прошетате овој дел од градот, ние ви препорачуваме тоа да го сторите уште во утрото. На Нови Свиат, се надоврзува улицата Краковски Прецедмици (Krakowskie Przedmiescie), а нејзиниот почеток ќе го препознаете по големиот споменик на Никола коперник, сместен пред Полската академија на науките. Споменикот е поставен во 1830 година.

За време на Втората светска војна, германските нацисти, на споменикот поставиле бронзена плакета на која пишува дека овој великан е германец. Меѓутоа, Алек Давидовски успеал да ја отстрани плакетата. Во знак на револт, нацистите го отстраниле споменикот, и го сокриле во Шлесак, а во знак на одмазда со помош на динамит разнеле неколку други споменици во околината. Статуата е повторно вратена неколку години после војната, а Давидовски станал симбол за храброст. Денес, плакетата се чува во Историскиот музеј на Варшава.

Следна туристичка атракција на Кралскиот пат е црквата Светиот крст. Секој љубител на Шопеновото наследство ќе го посети местото на последното почивалиште на неговото срце. Срцето се наоѓа внатре, позади плоча во која е изграфиран неговиот лик.

Црквата датира од XV век и има значително богата историја, а после разрушувањето во Втората светска војна, со многу труд, црквата е обновена. Во внатрешноста на црквата се наоѓаат најголемите оргули во Варшава, како и отисоците на Владислав Ремонт, добитник на Нобеловата награда.

Пред црквата можете да забележите една од многу бројните мермерни клупи, навидум  по ништо посебна. Но кога ќе се доближите до неа, ќе забележите дека не станува збор за обична клупа, туку за Шопеновата клупа, која доколку притиснете на сребрното копче, ќе започне да свири некоја од неговите многубројните мелодии. Клупи слични на оваа, има на повеќе локации низ Варшава.