Водич низ Будимпешта

Booking.com

Будимпешта можете да го посетите во периодот околу новогодишните празници, кога градот го разубавуваат милиони ламбички. Исто така градот можете да го посетите во рана-есен кога воодушевуваат прошетките по брегот на Дунав, или па на пролет кога се буди годината со првите сончеви зраци, додека со нетрпение се очекува сезоната за капење на отворено во единствените термални базени, карактеристични за овој град.

Будимпешта во 1987-та година е додадена во листата на светски културни наследства на УНЕСКО, и тоа благодарение на културните и архитектонски значења на реката Дунав, ридот Будим и останатите атракции кои привлекуваат огромно внимание. Баш повеќето клучни објекти кои треба да ги посетите се наоѓаат на овие локации. Во Будимпешта можете лесно да се снајдете, затоа што Дунав го дели градот на два дела. Доволно ви е со вас да имате мапа, која ќе ви биде сопатник и со помош на која можете да го прошетате цел град. Доколку вашата мапа не се покаже доволна за вашите прошетки, помош можете и да побарате од жителите на градот, кои веќе се навикнати на фактот што Будимпешта е популарна туристичка дестинација.

Кога ги планирате вашите прошетки низ градот, не заборавајте да посветите поголеми време на делот Будим, кој што зрачи со историски вредности и каде можете да ги направите најубавите фотографии. Нормално, во вашата агенда треба да се најде и Пешта. На крај, после прошетките низ градот, можете да се одморите со прошетка по бреговите на Дунав, со крстарење на некој од многуте бродови, или во некоја термална бања. За ориентација можете да ги користите седумте мостови, кои што претставуваат туристичка атракција во Будимпешта.

Јавниот превоз е доста организиран, па така, слободно можете да изберете метро, кое што е брзо, не е скапо, а линиите се многубројни. Доколку користите метро, билети можете да набавите од метро станиците, киосците, па дури и во одредени хотели.

Во Будимпешта можете да го посетите ридот Будим каде што се наоѓа кралската палата, која е изградена во XIII век. Во историјата, палатата е повеќе пати разрушена и повторно обновена. Денес, во неа се сместени два големи и доста значајни музеи, како и Националната библиотека. Првиот од двата музеи е музејот на Националната галерија, која содржи импресивна колекција на уметнички дела кои потекнуваат од периодот од XI век, па до ден денешен. Таму можат да се видат среднивековни и ренесансни камени скулптури, готски дрвени скулптури, доцно-готски олтар, слики од различни епохи, како и уметност од XIX и XX век. Вториот музеј е Касетел музејот, историски музеј кој што чува 2000 години долга историја.

Овој град ги примамува туристите и со Рибарскиот бастион, изграден во 1905 година. Одлично место, со неверојатен поглед на градот од другата страна на реката Дунав.

Во нашата статија напоменавме дека во Будимпешта можете да се ориентирате според мостовите. Па така, никогаш од око нема да го испуштите синџирниот мост, кој е најпознат, и воедно најстар мост во Будимпешта. Омилено место за фотографирање, особено во вечерните часови, кога мостот го прикажува своето прекрасно светлосно шоу. Изграден е на иницијатива на Курт Истван во 1849 година како втор најголем висечки мост во светот. Исто како и кралската палата, така и синџирниот мост е повеќе пати разрушуван и повторно обновуван, но притоа задржувајќи го својот автентичен стил. Кога сме кај мостовите, не смееме да ги заборавиме и мостот Арпад (долг 973м.), мостот Елизабет (првично висечки, а после обновата кабловски мост), мостот Петефи (најјужен од сите), како и најновиот мост Лагиманиоси.

Будимпешта е доста популарна и по зградата на парламентот, која претставува и најголема градба во градот, изградена помеѓу 1885 и 1902 година. Парламентот е еден од симболите сместени на брегот на реката Дунав, и годишно го посетуваат околу пола милион посетители. Внатрешноста на парламентот ја сочинуваат 691 просторија. Ходниците се претворени во вид на галерии на уметнички дела од XIX век. Тука се чува и круната на кралот Свети Стефан.