Виена - Центарот на културата во Европа
Виена е најголем град во Република Австрија со население од повеќе од 1,7 милиони жители. Тој главен град е и културен, економски и политички центар во Австрија. Магичниот град Виена се наоѓа на брегот на реката Дунав, со шумски ридови на север и запад. Дунав поминува низ два вештачки канали, изградени за да ги спречат поплавите, кои создаваат тесен остров во средината. Градот е елегантен и културен и е познат по својата уметност и музика. Како поранешен дом на Хабсбуршките династии и нивните различни империи, градот сѐ уште има декорации од главниот град на некогашната империја, а историскиот градски центар е впишан на Списокот на светското наследство на УНЕСКО.
Градот има разновидно минато. Од неговото основање од страна на Римјаните во 15 година п.н.е., раководствата и управите се имаат сменето многу пати. Најславни денови од осумнаесеттиот век беа со појавата на барокната архитектура, а класичната музика која беше слушана и негувана од Хабсбурзите во градот ја донесоа Моцарт и Бетовен, по кои следуваа Шуберт и Штрауз во деветнаесеттиот век. На музичарите им се придружија талентирантите уметници и писатели, со што Виена стана еден од културно-најзначајните градови во Европа.
Најпрепознатливото обележје на Виена е тесната и шилеста, грандиозна катедрала Св. Стефан (Stephansdom). Изграденa на местото на претходната црква, од коja што некои делови се вградени и во сегашната црква, катедралата е готско ремек-дело конструирано во четиринаесетиот век со блескав ќерамиден покрив на кој е поставен симболичниот и препознатлив Австриски орел. Одвнатре и однадвор на катедралата се поставени прекрасни скулптури, додека проповедницата и олтарот се особено убави.
Прошетка по булеварот Рингштрасе, движејќи се во насока на стрелките на часовникот од Виенската куќа на операта (Staatsoper) до општината - Ратхаус (Rathaus) е еден од најдобрите начини да се разбере статусот на Виена пред падот на империјата во 1918 година. Овој булевар го одразува ставот на Виена, како еден од најголемите и најважните престолнини во светот. Оваа империјална градежна експанзија на Виена се случува во втората половина на 19-тиот век, по уништувањето на средновековните бастиони. Други градби од големо значење кои се наоѓаат на булеварот Рингштрасе се: Виенска куќа на операта (Vienna State Opera), Музејот на ликовна уметност (Kunsthistorisches Museum (Museum of Fine Art), Парламентoт (Parliament), Бургтеатарот (Burgtheater), општината Ратхаус (Rathaus), Универзитетoт во Виена (The University of Vienna) и други.
Палатата Хофбург (Hofburg) исто така се наоѓа во внатрешниот дел на градот која како повеќето важни и познати места, најдобро може да се истражи доколку се посети со пешачење. Поранешната царска и кралска хабсбургска зимска резиденција денес располага со мноштво од музеи, министерства и широки дворови. Од своите рано-средновековни почетоци како сопствена тврдина обколена со ендеци и поврзана со подвижни мостови, до својот сегашен екстензивен и импресивен, репрезентативен период од дваесеттиот век (многу делови се доградувани во текот на годините), прекрасната Палата Ви нуди многу нови работи кои можете да ги откриете. Ако сакате да се запознаете со живот на некогашната Хабсбурката династија и ова импозантно дело, посетете ја Кралската палата Хофбург и ќе се уверите.
Замокот Шенбрун (Schloss Schonbnum), нарачан од Леополд I, е уште пoспектакуларен. Еднаш служејќи и на династијата Хабсбург како нивна летна резиденција, денес оваа палата е на врвот на листата на посетителите и гарантира цел еден ден уживање сама по себе (особено во време кога градините се полни со прекрасно уредени леи со цвеќиња). Изберете некоја од турите низ дворскиот ентериер - пократката Империјална тура која се состои од 22 соби, или Големата тура која покрива 40 соби и трае приближно еден час.
Кралскиот трезор (The Imperial Treasury) содржи такво богатство на злато и скапоцени камења, секуларни и религиозни, што е доста тешко да се знае од каде да се почне со негово разгледување. Непроценливата кралска круна Рајхскрон (Reichkrone) и Светото копје (легендата вели дека копјето му гарантира сигурна победа на нејзиниот сопственик во секоја битка) се само две од многуте значајни парчиња во Трезорот.
Музејот на соверемена уметност (Kunsthistorisches) е прекрасна палата во која се сместени значајни колекции на познати дела на ликовната уметност што Хабсбурзите ги добивале низ вековите. Гледањето на сите овие ремек-дела дава детален увид во политички семоќното католичко семејство кое владеело со половина од западниот свет во 16-тиот и 17-тиот век.
Ќе ви требаат неколку денови за да ги видите сите чудесија што овој прекрасен град има да Ви ги понуди..