Прошетка до Маркова Сушица
Најпрепорачливо, сепак е користењето на велосипед, од проста причина што така ќе можете најмногу да уживате во природните убавини кои се распространети по течението на реката Маркова Река. На два до три километри по поминувањето на крстосницата кај населбата Драчево, веднаш по поминувањето на селото Батинци, ќе ве пречека поглед за кој би посакале веднаш да направите пауза, не заради тоа што сте премногу изморени од возењето, туку за да одморите очи и да поуживате во погледот.
Благата нагорнина нема да ви биде проблем, затоа што ни најмалку нема да помислите на силата и возењето, колку што ќе размислувате како да најдете патека да се искачите на некој од врвовите на околните ридови. Но сепак ви препорачуваме да продолжите право до целта со која сте тргнале, посета на Маркова Сушица. Исто така, додека одите до крајната цел, многу пати и ќе побарате патека за да се спуштите до Марковата река, која тече во иста линија со патот по кој се движите.
Се додека не стигнете до селото Варвара, си помислувате дека имате уште доста пат до Маркова Сушица. Но кога веќе ќе ја видите таблата со името „Варвара“, знајте дека немате уште многу, туку уште само 2 км.
Кога веќе стигнавт во селото, време е за мала пауза, по која треба да следи прошетка на селото.
Во селото, според пописот во 2002 година, живеат 53 постојани жители. Сместено е во долината на Маркова Река, на надморска височина од околу 460 метри. Јуозападно од селот се наоѓа возвишението Марковото Кале од кое се останати само мали остатоци на тврдина, и кое е изградено во времето на владеењето на Крали Марко.
Крали Марко, исто така и ја продолжил изградбата на Марковиот манастир, започната од неговиот татко Волкашин, уште во 1845 година. Манастирот е сместен на крајот од селото, и до кој има добро прооден пат.
Откако ќе го посетите манастирот, ви препорачуваме да продолжите по веќе неасфалтираниот пат покрај Марковата река, кој води до селото Малчиште (3 км.). Овој пат морате да го прошетате, заради тоа што тука, освен тишината, ќе ве пречекаат само шумот на реката и звукот на птиците.
На враќање, во Маркова Сушица можете и да ја посетите црквата посветена на двајца светители, односно на Свети Никола и на Пресвета Богородица, изградена во XII век.
Се надеваме дека со помош на сликите, ќе ве примамиме да одвоите еден ден од викендот, и психички да одморите, и да соберете сили за работната недела.