Потеклото на ветерниците

Booking.com

Сите ние знаеме дека Холандија е позната по ветерниците. Таа приказна не прати нас низ бајките уште од мали нозе. А таа бајка можете да ја видите во живо во Киндердијак, кој се наоѓа на околу 20 км од Ротердам, а неполни 10 км од најстариот град во Холандија, Дордрехта, во Јужна Холандија. Овде е последното засолниште на овие преубави градби, кои тука ја одработуваат својата изворна улога, а тоа е исцрпување на вода.

Секоја ја подига водата на висина од 1 метар и ја испумпува во канал, и така, еден ред на ветерници ја истураат водата во еден канал, друг ред во друг канал итн. На крај, целата вода се собира во еден канал, кој ја носи дирекно во морето. Така се врши пресушување на натопената земја. Ова подрачје не е населено, освен што мал број на луѓеги чуваат ветерниците како викендици, и секако, тоа им е повеќе обврска отколку желба, мора да се грижат за нив. Постојат и организации кои се задолжени за одржување на ветерниците против нивно распаѓање. Овој вид на ветро-парк не се наоѓа во некој ограден дел, туку на отворен пат покрај кого минуваат голем број на луѓе, најголем дел селани. Што значи, за влез во паркот не се наплаќаат ни влезници, влезот е слободен, а уживањето загарантирано. Одржувањето на паркот се финансира од државниот буџет и од донации. Но затоа пак трошоците постануваат се поскапи.

Постојат 19 ветерници кои датураат уште од 17 и 18 век, и никаде во светот не можете да видите толку голем број на ветерници, на толку мал простор, и тоа добро да се сочувани. Тие се сведоци на долготрајните борби на „луѓето во кломпи“ со водата. Тоа е една причина за тоа што ова единствено млинарско подрачје станало дел од светските наследства на УНЕСКО, и секако најатрактивна туристичка зона во цела држава. Доколку ги видите ова место, значи дека сте ја виделе вистинската Холандија, бидејќи ќе видите како настанала и како е изгрена. Неретко холанѓаните велат: „Бог ја направил земјата, ние ја создадовме Холандија“.

Кога доаѓате во Киндердијк, од едната страна е реката Лек по која пловат големи речни бродови,  а од другата страна, ниски куќарки со висина од 3-4 метри кадешто луѓето секојдневно живеат.

Обично во секое време, за туристите е отворена барем една ветерница. Туристите тука можат да се запознаат со процесот на работа, како и историјата од постанокот до денес.

Во цела Холандија има преку 1000 ветерници кои се користат како млинови. Ветерниците го исфрлаат вишокот на вода од полдерите во канали, или реки, од каде водата се носи во морето. Тука се составуваат реките Лек и Норд, и така ја составуваат големата Nieuwe Maas (Голема мрежа). Изградени се и базени, предкомори за собирање на водата, од кои повторно истата вода со исцрпување се носи до каналите. Преку лето, предкоморите се користат како пасишта за стоката. Подлерите се некогашно морсно дно, кое е исушено со исцрпувањето на водата и со градењето на брани. Па така, надморката висина на Холандија станала пониска од нивото на морето, што и претставува опасност дека повторно водата на морето може да ја преплави Холандија. За да не се случи тоа, државата ја штитат изградените брани. Честа е и појавата на напукнување на некоја од браните, при што настанува помала поплава, но веднаш проблемот се решава, за да се спречи целосна катастрофа. Тоа е еден бесконечен воден циклус кој се врти, без да има крај. Понекогаш се помислува дека оваа вечна борба со водата е безкорисна, како што била и безкорисна борбата со ветерниците на Дон Кихот. Сепак луѓето не размислуваат на тоа, и веќе векови се трудат да опстанат да живеат на морското дно.

Со правењето на подлери, Холандија ја зголемила нејзината површина, и тоа најмногу на сметка на Северното Море. Тоа поле моментално се користи за замјоделство, градење на населби, патишта и слично. Па дури и Амстердамскиот аеродром е изграден на подлер. Тоа значи дека оваа држава има јако долга традиција во борбата со водата, скротувајќи ја природата во своја полза.

За исцрпувањето на водата, се користи направата наречена „Архимедовата завртка“. Исто и оваа направа ја исфрла водата во каналите, и служи за исушување. Се движи со помош на ветерниците, со тоа што со движењетона завртката, водата се исфрла нагоре, и кога ќе дојде до врвот, се излева во каналите. Работи на системот на спирала. Овој изум се припишува на Архимед од III век пред новата ера, додека пак некои научници сметаат дека изумот е измислен многу години пред него. Како и да е, завртката игра значајна улога во исушувањето на подлерите, како и за многу други намени.

Киндерјарк, своето име го добил по една доста интересна легенда. Легендата вели дека многу одамна имало голема поплава. На брановите лебдела колепка со детенце, а нејзе ја чувала некоја мачка. Па така, според оваа легенда местото е наречено Киндерјарк, или на македонски кажано „детски насип“.

Како што напоменавме претходно, во ветерниците и ден денеска живеат луѓе. Навистина изгледа чудно, дури и примитивно. Но тие му се радуваат на животот таков каков што е. До нивните живеалишта, може да се стигне само пеш, или со велосипед, и тоа на никој не му претставува проблем.