Плавата лагуна на Малта

Booking.com

Островот Комино се наоѓа во Средоземното Море и припаѓа на малтскиот архипелаг. Се наоѓа во мореузот Гоцо помеѓу островите Гоцо на север и Малта на југ. Иако има севкупна површина од само 3,5 км2, се брои како трет остров по големина во Малта. Името го добил по билката Ким, која некогаш растела на малтските острови. Според последните податоци, на островот живеат само 4 постојани жители, но бројот на луѓе кои престојуваат е значително поголем, особено во летниот период, кога голем број на туристи го посетуваат овој мал остров.

Денес, Комино е законски заштитен како парк на природата. Во админстративна смисла, припаѓа на општината Ајнсилем, која се наоѓа на јужниот дел на островот Гоцо.

Поради бројните и длабоки пештери во варовничките камења, Комино уште од најраните времиња важел за доста сигурно место за пиратските бродови и разни други бегалци од законите во средниот век. Карпите на островот  често служеле како одбранбен механизам и со нив се вршени напади кон бродовите кои се движеле по мореузот. Подоцно ова подрачје го користат малтските витези од редот хоспиталци за лов и одмор. Во периодот од 1285 до 1290 година, на островот бил затворен и еврејскиот кабалист и мистик и основач на пророчките кабали Аврам Абулафија. За време на неговиот престој, Абулафија ги напишал и своите најпознати дела Книга на законите и Зборови на убавината.

Во текот на 16-ти и 17-ти век, Комино служел како затвор за витезите кои направиле некои недозволени дела. Витезите осудени за помали кривични дела биле задолжени да учествуваат во изградбата на тврдината на островот.

Во историјата на островот, е забележан и настанот од 6-ти Март 1889 година, кога британсиот воен брод ХМС Султан се судрил со подводна карпа недалеку од островот, и неколку дена подоцна потонал. Подоцна, бродот е изваден од дното и пренесен на пристаништето во Валета, главниот град на Малта.

Најпозната и Најбоочлива градба на островот, е кулата Санта Марија, изградена во 1618 година како караула од која се сигнализирале потенцијалните опасности кои доаѓале од морето кон соседните два големи острови. Тврдината се наоѓа на централниот дел на јужниот брег. Градбата има квадратен облик и на секој агол се возвишува по една кула. Изградена е на 60 метри над морето, а самата кула е висока 12 метри, додека пак нејзините ѕидови имаат висина од 6 метри. Последен пат, тврдината е реновирана во периодот  од 2002 и 2004 година.

На островот постои и една римокатоличка капела посветена на светото Благовештение, која  е изградена во иста година како и трвдината, односно 1618, подоцна обновена и проширена во 1667 и 1716 година. Капелата денес е посветена на Светото Семејство.

На овој мал остров денес постои и хотел со две приватни плажи, бројни бунгалови, полициска станица и малечка црква. Питомата Плава Лагуна (Blue Lagoon) има кристално чисто море и се наоѓа помеѓу Комино и Коминота и е една од најпопуларните туристички атракции во Малта. На Комино се снимени и голем број на филмски хитови межу кои се истакнуваат Троја и Грофот Монте Кристо.