Откријте го Крушево
Еден од најубавите и најстарите градови во Македонија, кој ги остава посетителите без здив е прекрасното Крушево. Простирајќи се на надморска височина од 1250 метри, претставува највисокиот град во Македонија, но и на Балканот. Посетителите кои одат во Крушево се воодушевуваат од прекрасните места кои можат да ги посетат, од архитектурата на градот, градбата на старите куќи, културното наследство, богатата историја и секако вкусниот кушевски локум.
Едно од најубавите места за релаксација е прекрасното крушевско езеро кое е идеално место за одмор и релаксација. Привлекува со убавиот изглед и различните бои кои едноставно никого не оставаат рамнодушен.
Веднаш штом тргнете на прошетка низ Крушево, ќе ја забележите специфичната архитектура на градот. Тесните улици поплочени со камен и калдрмa, како и куќите наредени една до друга, сигурно ќе го привлечат вашето внимание. Старите крушевски куќи имаат специфична градба, која датира од 18 и 19 век.
Доколку шетате низ Крушево не заборавајте да го пробате вкусниот крушевски локум кој што може да го најдете само таму. Локумот се произведува во Крушево и претставува белег на крушевчани, исто како и познатите крушевски целуфки.
На зима Крушево е полно со посетители, токму поради скијачките терени и снегот кој е доста застапен на ова место. Кога се возите на жичарницата го имате погледот на цело Крушево, па токму во тој момент ќе си помислите дека тоа место е рај на земјата.
Еден од највпечатиливите места во Крушево секако е Спомен куќата на Тодор Проески – нашата најголема музичка легенда. Спомен куќата е во форма на крст , се наоѓа на Гумење и претставува грандиозен објект за човек кој остави голем белег во македонската историја.
Кога сме кај историските вредности, Македониумот во Крушево претставува симбол на непокорливоста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.
Крушево е дефинитивно место кое вреди да се посети, затоа топло ви го препорачуваме за вашата следна прошетка.