Најшарениот град во Европа
Весел, шарен, мултикултурен град кој шармира штом стапнете на негово тло. Ова е првиот впечаток за Барселона, градот во кој едноставно мора да се вратите откако еднаш ќе го посетите.
Барселона е шармерски град кој ве купува со својата магија уште на прв поглед, од своите убавини во поглед на архитектурата па се до отвореноста на народот кој живее овде, чудата на Гауди, музејот на Пикасо, плажата Барселонета, убавото време и храна, забавата и уште милион ситници кои го прават овој град идеално место за живот.]
За Барселона и не ви требаат толку многу пари, затоа што Барселона и не е многу скап град. Жителите се навикнати да јадат надвор, по ресторани и кафулиња, таква им е културата на живеење, пијат кафиња, пиво, вино и уживаат во сопственото друштво и разговорите.
Што задолжително мора да посетите кога сте во Барселона: Готската катедрала Саграда Фамилија
Шетајте низ Ла Рамбла (внимавајте на паричникот)
Casa Mila и Casa Battlo исто така дела на Гауди
Еден ден уживајте на плажата Барселонета која во 2005 година е прогласена за трета најдобра плажа на светот
Не пропуштајте да се искачите до Парк Гуел.
Аквариумот...
Музејот на Пикасо Јадете тапас некаде во центарот на градот Уживајте пешачејќи низ осветлените делови Магичните фонтани навечер Земете здив. Барселона е град кој ќе ви пружи вистинско задоволство, ваше е да го зграпчите и уживате во магијата...