Акрополис - Атина

Booking.com

Испратил: Spase Manev

За да направите подобри фотографии, најдобро е да го посетите за време на зимата, бидејќи тогаш нема голем број на туристи кои го посетуваат Акрополот. Само бидете внимателни од времето, бидејќи може да биде многу ладно на врвот на ридот поради силниот ветер. Одвоете дел од вашето време, и уживајте во погледот кон главниот град на Грција, Атина. Исто така, доколку го посетите во зима, влезницата ќе ја добиете и за дури педесет посто пониска цена. Моментално на споменикот се извршуваат повеќе реставрации, но тоа нема да биде пречка да уживате во грандиозноста на овој споменик. Има Амфитеатар и секакви видови споменици, руинирани згради, ископувања, па дури и некои древни врежани ниши во карпа. Доколку сте во можност, задржете се горе до моментот на зајдисонце, кога целиот град засветува со розева боја. Ако го посетувате, најдобро е да земете пакетот билети (30 евра за периодот од 1 април до 31 октомври) кој трае 5 дена за да може да ги погледнете и останатите работи/места околу Акрополисот. Подгответе се физички бидејќи има голем број на скалила за икачување. Влезот е 10 евра. Но ако сте студент ќе добиете и попуст. На некои места цената за билетот за влез е 5 евра, а на некои е 2 евра.

akropolis

akropolis

akropolis