Св. Јован Бигорски

Booking.com

Кога од Гостивар тргнете по патот кој води за Дебар, на околу 25 км. од Маврови Анови, од вашата лева страна ќе ве сретне прекрасниот манастир св. Јован Бигорски. Далеку од градската врева, високо во недопрените планински убавини, во прегратките на планината Бистра, манастирот привлекува голем број на верници кои доаѓаат за да го пронајдат својот духовен мир, да му се помолат на свети Јован Крстител, како и да уживаат во прекрасниот поглед кон планината Кораб и селото Ростуша.

Овој надалеку познат манастирски комплекс е изграден во 1020/21 година, врз остатоци на стара света црква која некогаш била разрушена. Во XVI век манастирот бил оштетен и разрушен од страна на Турците, за да монархот Иларион во 1743 година повторно го обнови. Притоа, монархот Иларион изградил и монашки ќелии.

Игуменот Арсениј со помош на многубројните донации, допринел манастирот да биде проширен и доизграден во почетокот на XIX век.после подолг период на духовна замреност и материјална запустеност, повторно го заживува монашкиот живот. Набрзо после примањето на монашкиот потстриг, истата година е ракоположен за јероѓакон и јеромонарх, додека пак следната година за игумен. Од 1998 година, игуменот Партениј е одликуван со ргаден крст с архимандритски чин.

Во внатрешноста на манастирот се наоѓа мало сребрено ковчеже во кое се наоѓаат мироточивите мошти на свети Јован Крстител, како и моштите на Св. Марина, Св. Параскева, Св. Евстатиј, Св. Пантелејмон, Св. Јаков, брат Божји, Св. Јулита и Св. Кирик, Св. Трифун и на Св. Харалампиј, додека пак недостасуваат моштите на Св. Никита, кои исчезнале во XX век.

Најпрепознатливото нешто по кое манастирот е познат во светски рамки е иконостасот во манастирската црква, кој датира од 1830 година и е дело на Петре Филиповски Гарката, кој по потекло е од селото Гари. Притоа во изработката на иконостасот учествувале и други познати резбари кои потекнуваат од Мијачката и Дебарската школа. Потребни биле шест години за да се заврши прекрасниот иконостас, со што се вбројува во еден од најубавите иконостаси низ целиот Балкан. На иконостасот, освен резбата на свети Јован Крстител, може да се видат и резби на животни и птици кои се испреплетени со орнаменти на винова лоза, цвеќиња, ружи и многу други обележја кои се карактеристични за работата на мијачките и дебарските резбари.

Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието, иконата ја нашол монархот Јован во 1020/21 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна е изграден манастирот, и лебдела над изворите на реката Радика. Иконата мистериозно исчезнала за време на разрушувањето во XVI век, за потоа уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирските записи запишано е дека иконата на Св. Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година е обложена со сребрен оклоп. На иконата е претставен светецот - трирачник. Се верува дека третата рака е благословувачка. Се верува и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца.

Во раните утрински часови на 30 септември 2009 година,  Горни Палат го зафати голем пожар кој што предизвика голема штета. Односно целиот тој конак изгоре и останаа само старите ѕидови. Покрај  монашките ќелии кои целосно изгореа, изгореа и трпезаријата, библиотеката како и сите други одаи и простории. Во меѓувреме веднаш после пожарот, од октомври 2009 година беше започната активна градба на новиот Источен Палат којшто во текот на една година, односно до септември 2010 година беше оспособен за живеење, па така монасите се префрлија да живеат во него. Конаците беа осветени на 26 април 2015 година.