Патување за да го доживеете древното чудо и модерната авантура

Booking.com

Патувањето до националниот парк Какаду е одлична шанса да се доживее древното чудо и модерната авантура.

Во дивината и егзотичната Северна територија на Австралија лежи една од најголемите богатства на планетата. Постојат чудни суштества кои не се пронајдени на друго место на планетата Земја, а Северната Територија на Австралија сеуште е дом на Абориџините, најстарата човечка култура која сè уште постои. Оваа земја се вика Какаду, и патување во Национален парк Kакаду е шанса да се доживее тој магичен спој на древно чудо и модерна авантура.

Националниот парк Какаду зафаќа површина од 20.720 километри квадратни и содржи неверојатен спектар на пејзажи и животински видови, вклучувајќи повеќе од 300 видови птици, 75 видови рептили, 50 видови цицачи, 10.000 видови инсекти, 50 видови риби, 25 видови жаби и илјадници видови растенија, од кои голем дел сеуште остануваат некласифицирани.

Вредноста на дивиот свет и уникатните пејзажи на Какаду доведоа до тоа да му бидат доделени статус на светско наследство во 1985 година, ставајќи го во истата група како Големите пирамиди на Египет, Островите Галапагос и Големиот Кањон. Сега е најголемиот национален парк во Австралија, а 150.000 посетители секоја година се привлечени кон овие негови чуда.

Кенгурите и нивните помали роднини, волаби, се најпрепознатливи животни во Австралија и во овој парк има 8 различни видови од нив.

Паркот Какаду е дом на морскиот крокодил, најголемиот и најопасен рептил на Земјата. Крокодилите од морските води, или од солените води, ќе го нападнат и ќе го проголтаат секое животно што ќе се приближи до реката, вклучувајќи ги и луѓето. Денес, нивниот број се зголемува и има 6.000 такви крокодили во Какаду.

Паркот Какаду не е богат само со диви животни. Исто така е дом и на најстарата човечка цивилизација на Земјата: австралиските Абориџини. Тие живеат тука 50.000 години во склад со земјата и сите нејзини расположенија. Античките Абориџини на Какаду оставиле една од најневеројатните збирки на античка уметност во светот. Многу луѓе доаѓаат во паркот само за да ги видат овие убави и уникатни слики.

Какаду има една од најекстремните клими на Земјата. Паркот и сè што е во него мора да преживеат брутален напад од суша, поплави и антички духови на небото.

Во источните региони на националниот парк Какаду доминираат драматични црвени карпести формации. Од длабоко под нив тече кристално чиста вода, највреден ресурс во паркот.

Древните извори во Магук формираат прекрасни водопади и мирни базени. Студената, зелена вода е добредојденa за разладување за време на попладневната жештина, кога температурите се искачуваат и до 32 степени. Не е ни чудо што овај дел од паркот се смета за едно од најубавите места во паркот.

Извор:Travel Channel