Музејот Лувр во Париз

Booking.com

Музејот Лувр е сместен во Луврскиот дворец, а бил отворен на 10 август 1793 година. Повеќе од 600 години, овој музеј е симбол на богатство, моќ и декаденција на француската монархија.

Музејот содржи 70 000 уметнички дела и е еден од најпосетуваните музеи во светот со околу 8.8 милиони посетители секоја година.  Во него работат 2000 луѓе кои се грижат за сите уметнички дела.

Меѓу најпознатите уметнички дела, во музејот се наоѓа и сликата на Леонардо Да Винчи – „Мона Лиза“, која ги мами погледите на минувачите со нејзината насмевка. Но истата не секогаш била дел од музејот. Таа најпрво ги красела ѕидовите на некои од познатите палати, за потоа да биде донесена во Лувр.

Колекцијата во Лувр вклучува египетски антиквитети, антички грчки и римски скулптури, слики од „старите мајстори“, круни и други артефакти од француските благородници. Делата се од 6 до 19 век пред нашата ера. Повеќе од 35 000 се изложени во било кое време.

Во 1983 година Лувр бил реновиран и добил модерна структура со стаклена пирамида во дворот. Изгледа навистина модерно и софистицирано со барокната фасада.

Музејот Лувр е отворен секој ден освен вторник и празници, а влезницата чини 15 евра. Влезот е бесплатен за лица под 18 години, како и за други лица со соодветна документација.