Метрополитен музеј

Booking.com

Мисијата на музејот е собирање, зачувување, изложба и разбирање на широкиот спектар на човечки достигнувања. Секоја година музејот „Метрополитен“ има околу 5 милиони посетители.

Музејот добива стотици уметнички дела како подароци секоја година. Има 24 соби распределени по различни ери кои претставуваат различни делови во светот. Колекцијата вклучува слики и скулптури од американски и европски уметници. Исто така има костуми, носии и артефакти.  Музејот организира околу 30 изложби секоја година.

„Метропилитен“ нуди фамилијарни и детски програми, како и многу погодности за младите посетители.  Во неговата „Детска соба за читање“, родителите и децата можат заедно да читаат или да користат компјутер за да добијат повеќе информации за музејот. Има многу сувенири и игри кои се продаваат во музејот.

На посетителите им треба цел ден, а можеби и два дена за да го проучат целиот музеј. „Мет“ исто така нуди и тури на специфични теми, како што се кинеска уметност, импресионализам и пост-импресионализам, американски слики и египетска уметност.

Влезот обично е  12 долари, но за студенти истиот изнесува 7 долари. Музејот „Метрополитан“ е место кое мора да го посетите кога одите во Њујорк.