Дворецот Шенбрун
Овој прекрасен дворец се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt - името на првата виенска област), во областа Хитцинг. Се до 1642 година, го носел името Катербург и бил во сопственост на виенскиот градоначалник, додека пак после овој период во него се сместила царицата Елеонора, која тука се населила после смртта на нејзиниот сопруг. Денешното име, дворецот се поврзува со царот Матијаш, кој за време на својот лов, на ова место забележал голем број на извори.
Во 1559 година, царот Максимилијан Втори одобрил на ова место да биде изграден мал дворец за лов, кој што во текот на времето бил запален, а во 1683 година, во време на втората турска окупација, дворецот бил целосно уништен. Неговата повторна изградба ја измислил Јохан Бернард Фишер фон Ерлах, но неговата реализација била значително помала за разлика од претходната. Од тогашните објекти, денес можеме да ги забележиме Дворската капела и плавите скалила кои ги красат фреските на Себастијан Ричи.
Со оглед на тоа што Карло VI-ти не се занимавал за дворецот, неговата ќерка Марија Терезија го претворила во царски летниковец. Како летниковец дворецот бил до 1918 година. За време на нејзиното владеење дворецот бил неколку пати обновуван, а со тоа, дворецот добил различен изглед од првичниот кој го изградил Фишер. Водач на реконструкциите бил Николас фон Пакаси, кој воедно извршувал и реконструкција на Хофбург. Меѓу големиот број на изгубени културни наследства, за време на реновирањата, изгубени се импозантни фрески на Јохан Мишел Ротмаер. Најголем дел од внатрешниот инвентар потекнува од тој период, а со тоа и претставуваат единствени примероци на австиското рококо.
Од 1765 година, водството на реконтрукциите го превзел Јохан Хетцендорф, кој бил претставник на раниот класицизам. Негово најмаркантно дело е Глорија, кое се наоѓа на ридче над Шенбрун, и визуелно ја затвора градината во дворецот, а воедно важи за споменик посветен на јунаците.
Покрај споменатите градби, Хетцендорф изградил и голем број на други градби, меѓу кои и првата вештачка изведба на Римските урнатини.
Од 1817 до 1819 година, Јохан Аман ја реставрирал надворешната фасада, и тоа во поедноставен стил на класицизам. Жолтата боја се до XX-тиот век претставувала заштитен знак на Австро-Унгарската Монархија, и во тој период се користи во голема мера во цела држава.
Денешниот дворец има 1441 простории со различни големини. Од нив, 190 простории се доделени на приватни лица, и не се достапни за јавноста. Во еден од дворските предели се наоѓа и дворскиот театар, каде што освен по настапите на Моцарт и Хајдн, познат е и по тоа што својот занат го развивале голем број познати композитори и изведувачи. Важен дел на дворецот претставува и зоолошката градина, основана во 1752 година за време на царот Фрањо I.
Во текот на Втората Светска Војна, во 1945 година, главиот предел и Глорија-та доживеале чести бомбашки напади, со што претрпеле голми штети. За време на окупацијата, дворецот го користеле Британските трупи. Во тој период, особено покасно, повеќето од оштетените делови биле веднаш поправени.
Во 1996 година, дворецот Шенбрун и неговата градина го добиваат приматот на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Се дури од 1779 година, кога е и отворена за јавноста, градината претставува место за релаксација на голем број Виенчани. Дврецот годишно го посетуваат околу 1,5 милиони туристи. Градбите кои се наоѓаат во околината на Шенбрун, привлекуваат околу 5,2 милиони луѓе, при што претсатавува голем финансиски бенит за туристичката заедница на Виена.