Црква Свети Ѓорѓи, с. Туденце

Booking.com

Автор: Милена Илиевска          

            На 13 километри од Тетово се наоѓа селото Туденце. Сместено во подножјето на планината Жеден, ова село постои уште од 1626 година. Низ годините се зголемувал и бројот на неговите жители, се менувала структурата и начинот на живот, но населението на ова мало село со городост раскажува за најстарата трикорабна христијанска базилика во Македонија, која се наоѓа токму на ова место. Тоа е манастирот Свети Георги Победносец.

            Манастирот ги бележи своите почетоци уште втората половина на шестиот век. Црквата има два влеза, големиот кој е и главен на западната страна и малиот на јужниот дел. Откриена е мермерна пластика во олтарот. Манастирот е изградена на старите темели врз основа на проект изработен од Благоја Стојковски, виш конзерватор во Националниот конзерваторски центар.

            Старите темели на црквата се откриени на ден 07.02.2004 година, кога на сега покојниот Тихомир Крстевски на сон му се јавил светецот Ѓорѓи Победоносец, кој му рекол „сите ме газите, а никому не текнува да ме открие. Да појдеш, да ме откопаш и да ме осветиш“, посочувајќи му точно на кое место се наоѓа храмот. Тихомир почнал да копа и на длабочина од половина метар ги пронашол ѕидовите на некогашниот храм во пределот на олтарот. Подоцна му се придружиле и други жители на Туденце и под надзор на Музејот на тетовскиот крај, по речиси еден месец работа локалитетот бил расчистен. И Според професорот Виктор Лилчиќ, црквата потекнува од втората половина на VI век. Во овој манастир , при иксопувањето и реставрацијата, се пронајдоа и остатоци од гроб со коски од епископ ( а некаде се посменува дека се од висок црковен великодостојник )

            Денеска, по асвалтиран пат од селото, на само 5-7 минути возење со автомобил, овој прекрасен манастир го нуди својот мир над селото на сите патници – намерници кои доаѓаат тука да се одморат. Пределот е идиличен, посебно во есен, иако планината го носи името Жеден – порано овој предел бил прилично сув и без многу шума. Но, сите оние кои дошле на ова место, имаат желба повторно да го посетат.