Мостот Голден Гејт

Booking.com

Додека автомобилите се движат по него, а бродовите пловат под него, најдобриот начин да се доживее овој иконски мост е пеш.

Иако во најголемиот период е обвиткан со магла, се смета како еден од најфотографираните мостови во светот. Овој мост ви нуди прекрасен поглед и затоа особено задоволство претставува преминот преку него. Инспирира стравопочит и ја разгорува имагинацијата со неговата големина, обем и убавина. Оваа икона на американската архитектура се протега на 2,7 километри низ "Голден Гејт", и ги поврзува заливот Сан Франциско со Тихиот Океан.  

Висечкиот мост во распон ги поврзува Сан Франциско и Марин Каунти. Потребни биле четири години за да се изгради, и е отворен за сообраќај во 1937 година, а со оглед на должината па и силата на ветерот е голема, дизајниран е да издржи ветер со брзина од над 161 километри на час. Во моментот на неговото завршување, мостот "Голден Гејт" ја добил титулата најдолгиот мост во светот, но тој рекорд до сега е надминат неколкупати. 

Градбата нуди некои прекрасни погледи кон заливот, прекрасна панорама кон градот, Тихиот Океан и Марин Хедлендс на северната страна на мостот. Најдобро е да го поминете пешачејќи или со помош на велосипед за најдобро да ги доживеете овие убавини. Доколку возете, ќе се концентрирате на сообраќајот и нема потполно да уживате ви перспективите кои ви ги нуди мостот.

Пешаците може да го користат мостот само за време на дневните часови, и да одат строго по источниот тротоар. Поставена е мала бариера која го дели тротоарот од улицата по која се движат пребрзите возила. Велосипедистите можат да ги користат и тротоарите на исток и запад. Обично е многу ветровито високо над водата, така што дури и во летните денови препорачливо е да носите на себе слоевита облека.

Уживајте во еден од најдобрите погледи на мостот "Голден Гејт" од Виста Точка во северниот дел од мостот во округот Марин. Во секое време од денот може да се види прекрасен спектакл, рано наутро полека се појавува сонцето што изгрева, а ноќе светлата блескаат и отскокнуваат од темната вода. Кога и да го посетите, нема да зажалите.

 

Извор: Expedia