Етнолошка населба - Дрвенград

Booking.com

Автор: Маријана Крстеска

Дрвенград е позната етнолошка населба во Србија, која се наоѓа во непосредна близина на познатите Мокра Гора, платото Златибор и реката Тара. Ова интересно место е изградено во 2003 година на ридот Мечавник, според идејата на познатиот светски режисер Емир Кустурица. Всушност, селото е изградено за потребите на филмот „Животот е чудо“, на кој се прикажани прекрасни погледи кон околните брда и теснопругестата железница „Шарганска осмица“. За потребите на филмот изградена е и специјална железничка станица од каде се простира прекрасен панорамски поглед кон селото Дрвенград. Интересен факт е тоа што снимањето на филмот било доста пролонгирано како последница на облачното време, проследено со дожд и магла кои се честа појава на ова место, поради што и самата планина го добила името Мокра Гора. Но сепак, спротивно на овој факт, планината Мечавник која се наоѓа во непоседна близина има претежно сончево време.

Селото е изградено во стилот на мал град со голема градска капија и главна улица која завршува со православна црква. Над црквата се издигнува дрвена камбанарија изградена по примерот на руските куќички и е посветена на светецот Свети Сава. Во централниот дел на селото, поголемиот дел е поплочен со камени и дрвени железнички прагови, а околу нив се прекрасно уредени сликовити дрвени куќички. Старите дрвени куќички се оригинални, и се пренесени од околните градови и села. Некои дури се донесени и од Босна и Херцеговина, поточно од селата од Република Српска. За изградба на овие куќички, насобрани се дрвени трупци стари од 80 до 120 години, кои се оставени да пропаднат, за подоцна истите да бидат реновирани. Останатите дрвени куќарки се изработени од четинари од околните планини долж реката Тара. Ваков тип на куќарки ги има 28 на број. Поставени се на камени темели и секоја од нив содржи елементи типични за својот град.

За удобноста на туристите кои допатувале токму во ова место, се грижат вработените во хотелот Мечавник, кој пак нуди можност и за преноќување. Она што е интересно во ова место, и она што може на посетителот да му остави длабоки траги во неговото сеќавање претставуваат знаменитостите на ова мало местенце. Најпознати знаменитости кои можат да се посетат се уметничката галерија Андерграунд, слаткарницата Аница, ресторанот Лотика, кој е препознатлив по тоа што во своето мени нуди домашни специјалитети, додека пак своите спомени можете да им ги пренесете и на вашите блиски со купување на некој сувернир од сувенирницата на домашните занаети, Аска. Селото исто така има и свој спортско рекреативен центар „Авенија Плитвице“, кој во себе содржи и базен. Доколку сте малку оддалечени од главната улица, можете да ги прошетате уличките кои на одредени делови се дрвени, а другиот дел се сотавени од камени плочи. Тука уличките носат имињата на светски познатите личности кои Емир Кустурица им има дадно посебно признание. Главната улица своето име го добила по познатиот југословенски писател Иво Андриќ. Свое име запишано на улица добил и познатиот аргетински револуционер Ернесто Рафаело, но никако не се одмнинати ни светските фудбалски звезди како на пример фудбалерот Диего Арманда Марадона.

Во продолжение на овие улици, следуваат улиците посветени на актерот Миодраг Петровиќ – Чкаља, како и највлијателниот светски режисер Федерико Фелани. Прошетката низ еколошкото село Дрвенград ги воведува посетителите во нов, поинаков свет, поради фактот што Дрвенград и не е толку позната и атрактивна туристичка дестинација. Од самиот почеток, посетителот се сретнува со необични детали, како што се неколкуте модели на бродови, старите модели на автомобили, големиот број на полици за книги кои се поставени на секој чекор. Дефенитивно, Дрвенград е местото кое ќе ве воодушеви, и местото за кое со восхит ќе раскажувате и на вашите роднини и пријатели.