Трансилваниската Моканита

Booking.com

Во срцето на Романија, Трансилваниската Моканита (Mocăniţa) ве носи на едно фантастично патување. На 35 километарското патување ќе ве одведе малечко вовче на парен погон, и ќе ви ја открие убавината на дивата природа, прекрасните рурални предели, поминување низ тунели создадени од богата вегетација, слатки овоштарници, како и поминувајќи низ разрушените остатоци од римскиот каструм.

Приказната за Трансилванскиот парен воз

За време на Австро-унгарскиот период, парната машина се користела за превоз на луѓе и стока до Таргу Мурес. Во текот на Втората Светска Војна, унгарската заедница побарала линија за поврзување со Будимпешта, па така бил изграден патот помеѓу селата на Вииле Течи и Лехиниа. Оваа делница особено се користела за пренос на оружје во тој реон. За време на комунистичкиот режим, возот Моканита го користеле работниците кои работеле во двете фабрики за шеќер. После приближно 20 години откако не се слушнал звукот на локомотивата, рутата Теаца-Рачи повторно постанала функционална и била продолжена се до Лечинта.

Парната машина се состои од локомотива од полско производство, произведена во 1949 година, и два вагона со капацитет од најмногу 100 патници. Локомотивата се става во погон со помош на јаглен кој го загрева големиот котел исполнет со вода која зоврива и прави притисок со кој се придвижува локомотивата. Со помош на овој процес локомотивата може да развие брзина не поголема од 35 – 40 км/ч. На одредени делови, возот ја намалува брзината со цел да им овозможи на туристите потполно уживање во природниот спектакл.

 

Радоста на долгите патувања, возот Мурес

Железничката пруга била доста тесна и минува низ седум села и покраини, Мурес – Теаца, Комлод, Оросфија, Милаај, Крафејти, Санмартину и Рачиу. Патеката е навистина импресивна, бидејќи поминува низ диви предели населени со елени, зајаци, диви свињи и фазани. Пет километри долгата патека помеѓу Валеа Лупулуј и Комлод, Моканита поминува низ богата листопадна шума, каде богатата вегетација формира мистериозни тунели, слични како на детските бајки. Добра панорама исто се отвара и покрај зелениот рај, областа покрај Ценановите езера.

Патниците на Моканита кои се заинтересирани да ја истражуваат историјата, ќе имаат добра шанса за да ја истражат алхеолошката страна на Морејати, каде што се откриени рушевини кои потекнуваат од пред два милениуми, а го претставуваат Стариот Римски Каструм. Низ пареата која излегува од старата локомотива, ќе може да ги видите ловниот резерват Сантиоана, ридовите Оролуј и Бандуј со што ќе доживеете правилен визуелен и мирисен третман. Во текот на возењето, машиновозачот ќе го запре патувањето на неколку минути, за целосно да уживате во прекрасната природа и дивите раскоши на ова подрачје.  Ова патување дефенитивно ќе им биде највозбудливо на малите дечиња, кои ќе имаат можност да научат за тајните на механизмот кои го произведуваат тој силен звук од локомотивата. Ова нема да не им е интересно и на возрасните, кои повеќе би ја разбрале техниката на движење на локомотивата.

Туристичкиот воз во срцето на Трансилванија ви дава шанса за едно единствено и незаборавно искуство.  Додека примитивната Моканита се тркала по пругата, вие ќе уживате во прекрасниот поглед кон романските села и прекрасните погледи во далечините.  

Извор: http://www.romania-travel-guide.com