Срцето на Хрватска

Booking.com

Хрватска е доста популарна туристичка дестинација, која бележи драстичен раст на бројот на туристи благодарејќи на прекрасниот Јадрански брег. Но Хрватска има и други скриени богатства во континенталниот дел. Затоа ние се решивме да ви претставиме еден алтернативен начин како да ја посетите Хрватска кој ќе се разликува од понудите на туристичките агенции. Затоа ние како дестинација ви го предлагаме главниот град на Хрватска, Загреб.

На прв поглед се чини дека Загреб е подзаборавен од страна на туристите кои се повеќе се одлучуваат да посетат некој град на Јадранот. Загреб е симпатичен град кој што можете да го прошетате пешки, и воедно да ја видите и осознаете неговата архитектура, која ја отсликува и ја покажува улогата на Австоунгарија на ова подрачје. Сепак, Загреб има ограмен број на културни содржини, но притоа не е неопходно да ги посетите сите уметнички музеи за да ја спознаете уметноста на Загреб. Уличната уметност дава помодерен и поурбан шмек на градот.

Кога за прв пат псоетувате одредено место, сигурно дека не знаете од каде да започнете, што треба да видите и во кој правец одите? За разлика од поголемиот број на туристи кои своето движење би го започнале од плоштадот Бан Јелачиќ, но ние сепак ќе го прескокнеме за момент. Ви препорачуваме вашата прошетка да ја започнете од гробиштата Мирогој. Немојте да бидете скептични, но гробиштата Мирогој се сметаат за најубавите гробишта во Европа. Тоа е така поради својата архитектура, зелените алие, хортикуларната уредност која дава претстава дека станува збор за прекрасно уреден парк и уметничка галерија на отворено. Причината за тоа што секојдневно огромен број на туристи ја посетуваат оваа званична туристичка атракција на градот Загреб, е тоа што Мирогој добиваат доста позитивни коментари на TripAdvisor, со што го има добиено и признанието за инзвонредност за 2014 година.

По разгледувањето на Мирогој, разгледот го продолжуваме  накај центарот на градот. Следната дестинација за посета е паркот Рибњак. Тука можете да одморите во прекрасната природа, како и да ги наполните батериите за тоа што следи.

Со оглед на тоа што Загреб изобилува со музеи, секој може да најде нешто што е во склад со своите афинитети. Она што ние би издвоиле е Музејот на град Загреб кој ќе ве запознае со историјата на градот, од праисторија па до модерната доба со помош на богатите збирки и колекции кои ја прикажуваат политичката, културната и археолошката страна на историјата на Загреб. Во близина на овој музеј, се наоѓа и музејот на Иван Мешторовиќ. Доколку сте љубители на уметноста, посетата на овој автентичен амбиент во кој некогаш и живеел самиот Мешторовиќ, ќе бидете опкружени со голем број на негови дела, и со тоа може да научите нешто ново за Иван кој што го обележал подрачјето на Загреб.

По разгледот на двата музеја, го продолжуваме спуштањето низ Горниот град, како што се вика овој возвишен дел над Загреб, и кој е воедно натрпан со мноштно значајни и репрезентативни институции, споменици и плоштади. Горниот град, кој е познат и по името Градец и Грич, претставува историско јадро на градот, чие постоење датира уште од средниот век.

Како што продолжуваме со прошетката низ Загреб, ќе го сретнеме и плоштадот Свети Марко. Со постоењето на негогашниот пазар, станало место на трговија, а денес е политичко седиште на кое се наоѓаат најзначајните институции. Најпрво ќе го видиме Уставниот суд на Република Хрватска, а на самиот плоштад Банските дворови во кои е сместена Владата на Хрватска. Банските дворови се поставени на листата на културно заштитени споменици, а една од интересните факти е дека во оваа зграда која датира од 19-ти век, живеел и починал Јосип Јелачиќ.

Од другата страна на Владата, се наоѓа и Собраниоето на Република Хрватска во кое се носат важните одлуки  за државата. Но меѓутоа, најголемо внимание на плоштадот Свети Марко привлекува истоимената црква, која дефинитивно доминира на плоштадот. Тоа што ја прави црквата препознатлива и нашироко прочуена, е самиот покрив, којшто добил ваков изглед за време на големата обнова на црквата. На покривот се претставени двата грба, едниот на Троединството на Кралството Хрватска, Славонија и Далмација, а другиот на градот Загреб, кој и станал симбол на градот.

После тоа што ја посетивме репрезентативната архитектура на плоштадот Свети марко, продолжуваме понатаму со разгледување на градот. Од плоштадот, се спуштаме накај Камената Врата, која што е единствената зачувана порта, од вкупно пет, кои служеле за влез во некогашниот дел Градец. Специфично за оваа порта е капелата која што се наоѓа тука. Во оквирот на капелата се чува доста важна икона на Пресвета Богородица со Малиот Исус за кои до ден денес се пренесува тоа како иконата го преживеала големиот пожар кој што ја зафатил Камената врата. Поминувајќи низ портата, веднаш се чувствува поинаква атмосфера, а самиот пролаз присетува на засолниште и мало магично место. На ѕидовите околу олтарот се наоѓаат голем број на мермерни плочи со пораки луѓе кои што Мајката Божја им помогнала.

Како што претставивме погоре, Загреб може да се пофали со голем број на музеи, па така во непосредна близина на Камената врата се наоѓа и Музејот на наивни уметности, Галеријата на современи уметности, Музејот на теророт и Музејот на прекинати врски, кој посебно ќе го издвоиме како нешто извонредно и автентично. Со посетата на Музејот на прекинати врски чувствувате чудна поврзаност со објектите кои што се изложени во музејот, а секој предмет кого го оставиле поранешните парови, има единствена и неповторлива приказна, а самата изложба не би можела да се опише како тажна и смешна во исто време. Голем број на посетители чувствува необјаснета емотивна поврзаност, носталгија, сочувство или па смеа.

Пред да се упатиме кон познатата „Успињача“, ќе запреме до кулата Лотршчак, од каде што се овозможува прекрасен поглед на градот Загреб. Од самиот врв на кулата можат да се направат прекрасни фотографии на градот. Од кулата, своето движење го насочуваме кон „Успињача“, која спаѓа во една од најкратките железници во Европа. Таа служи како конекција помеѓу Горниот Град, и Долниот Град.