Прекрасниот Лисабон

Booking.com

На самиот брег на Атлантскиот Океан, каде што најдолагата река на Пиринејскиот полуостров, Тахо, го пронаоѓа свиојот влив во океанот, сместен помеѓу седум ридови се наоѓа главниот град на Португалија, Лисабон.

Лисабон е убав, релаксиран град исполнет со контрасти, од висок модерен град па се до уметнички град со потекло од XIX век, тротоари исцртани со мозаични претстави, градби покриени со светло обоени плочки во стилот на средновековната мавританска архитектура.

Во изминатите три илјади години, пристаништето во Лисабон се користело за најразлични намени, но сепак најмногу се истакнало во периодот од XV до XVII век, кога португалците биле богата нација. Голем дел од „богатиот“ период на Португалија бил за време на истражувањата на морепловецот Васко Де Гама, кој го открил морскиот пат до Индија во 1498 година.

Со тоа се довело животниот тренд да се зачини и со дијамантски камења, кое значително влијаело за богатството на Лисабон. Во XVII век, во Бразил било пронајдено злато, со кое дополнително се добил прилив на пари. Како и да е, во 1755 година градот бил неколку пати разрушен од земјотреси и цунами, кои го погодиле градот. Тоа се немало случено никогаш до тој момент.

Во близина на пристаништето, се наоѓа Прака до Комерсио (Praca Do Comercio), еден од најелегантните плоштади во Европа. Опколен со градби со прекрасни арки и фасади.

Градскиот плоштад на Лисабон, Браиха (Braixa), е организиран во вид на мрежна шема, од кој најголемиот дел е изграден после земјотресот. Најстар дел е Алфама, кој се наоѓа во непосредна близина на Тахо, каде што повеќето средновековни згради ги преживеале повеќето измени, и останале непроменети.

Доколку се наоѓате во Лисабон, или доколку планирате да го посетите, не заборавајте да ја посетите тврдината Сао Хорхе (Castello de Sao Jorge), средновековна тврдина изградена на ридот над Лисабон и која е збогатена со дополнителна цитадела. Тврдината била изградена за одбрана од напаѓачите кои се обидувале да влезат во цитаделата. Таа може лесно да ја забележите од поголемиот дел од територијата на Лисабон, бидејќи надвиснува над градот, има правоаголнест облик со десет кули.

Исто така не пропуштајте ја фасадата на црквата Носа Сењора да Консикао Вела (Nossa Senhora da Conceicao Velha). Старата црква е разрушена за време на големиот земјотрес, па поради тоа црквата е повторно изградена врз основа на остатоците од старата црква. Воглавно биле задржани декоративните делови на фасадата кои датираат од XVI век. Фасадата е добар пример на маниелскиот стил, или доцната португалска готика, и претставува раскошен архитектонски стил составен од поморски елементи инспирирани од откритијата на Васко Де Гама.

Стилот воедно претставува премин на доцната готика во ренесансата.

Веројатно најситакнатиот споменик на градот Лисабон и секако најуспешното достигнување од мануелиниот стил е грандиозниот манастир Јеронимус (Jeronimos). Во негова близина се наоѓа Белем кулата, изградена во почетокот на XVI век за одбележување на Васко Де Гама. Оваа дефанзивна и доста елегантна конструкција е еден од најзначајните одбележја на градот, сеќавање на годините на моќната Португалија за време на големите откритија.