Кокино – мегалитска опсерваторија

Booking.com

Се наоѓа на 35 км од Куманово - Македонија во атарот на општината Старо Нагорничане, под планинскот врв Татиќев камен на надморска височина од 1013 метри.

Ова е место каде што нашите предци многу прецизно го одбележувале изгревањето на Сонцето и Месечината. Преку оваа мегалитска опсерваторија можат точно да се одредат трите главни позиции на Сонцето и четирите главни позиции на Месечината во текот на една година.

Во насоката север-југ може да се забелжат камени седишта познати како тронови. Во минатото, луѓето вршеле повеќе древни ритуали, меѓу кои бил и обредот кој се случувал во средината на летото. Се верувало дека сончевиот зрак осветлувал само еден од учесниците на обредот , па тој човек потоа го сметале за племенски старешина.

Опсерваторијата е стара четири илјади години. Taa претставува света планина и мистичен простор кое буди чувство на почит на сите оние кои ќе го посетат.