Фасцинантните Плитвички езера

Booking.com

Плитвичките езера е првиот национален парк во Хрватска основан во 1949 година, а во 1979 година истиот е под заштита на УНЕСКО како едно од светските наследсвта. Се простираат на површина од 296.85km2, помеѓу планините Мала Капела и Плешивица, во близина на патото кој ги поврзува Загреб и Далмација.

Има 16 езерата во националниот парк кои се создадени од природни брани, а се препознатливи по тоа што ја менуваат бојата од небесно сина, светло зелена, па се до уникатно сива боја. Највисокиот водопад е Велики Слап на висина од 70 метри и тој е еден од најубавите глетки во паркот.

Секоја година паркот го посетуваат повеќе од 1.1 милиони посетители. Влезот варира, а достигнува и до 28 евра во шпицот на сезоната.