Душата на Москва

Booking.com

Како и градот Москва, така и Црвениот плоштад е антички и огромен, опкружен со стилови на архитектура од различни периоди. Опкружен со Кремљ на западната страна, Државниот историски музеј на север, прекрасната стоковна куќа ГУМ по целата нејзина источна страна и светски познатите обоени куполи на Катедралата Св. Василиј на југ. Овие икони ја претставуваат Москва како политички, историски, бизнис и религиозен центар на Русија.

 Од XV-от век, Црвениот плоштад е срце и душа на Москва. Првично беше познат како Плоштад Свето Тројство именуван по катедралата Свето Тројство, која се наоѓала на местото каде што сега се наоѓа катедралата Св. Василиј. Сигурно се прашувате зошто се вика Црвен плоштад? На старо руски јазик, името "Красна" значи убава и нема никаква врска со црвените ѕидови или комунизмот. Всушност, ѕидовите на Кремљ некогаш биле бели и дури во седумнаесетиот век, "Краснаја" почна да значи "Црвено", како што е познато денес.

Без сомнение, главна туристичка атракција на Црвениот плоштад е Катедралата Св. Василиј, симболот на Москва и најпозната зграда во цела Русија. Изградена е по наредба на Иван Грозни за да го одбележат заробувањето на Казан во 1552 година. Катедралата Свети Василиј му беше доверена на архитектот Иван Барма, попознат како Постник. Според легендата, по завршувањето на катедралата Постник бил заслепен, со цел да се осигура дека повторно не планира изградба на слична убавина.

     Од левата страна е Спаскаја кула, која на врвот го има главниот часовник во Русија, наречен "Куранти". Кулата е синоним за прославата на новогодишната ноќ во Москва, бидејќи нејзиниот часовник е прикажан на секој телевизор во земјата кога неговиот удар означува точно на полноќ. Кулата Спаскаја, која е и еден од влезовите во Кремљ, се смета за главен од дваесетте кули и единствениот влез кој директно гледа накај Црвениот Плоштад.

    На западната страна на Црвениот плоштад е црвената некропола на ѕидот на Кремљ. Во неа се наоѓаат гробовите на поранешните Советски лидери со една доминантна необична атракција - мавзолејот на Ленин. Почивалиштето на мумифицираното тело на лидерот и шарм на контроверзна дебата, Мавзолејот на Ленин е отворен за јавноста и моќен потсетник дека, исто како и социјализмот, Ленин е мртов, но не е заборавен.

 Уште едно обележје претставува и прекрасната градба на Историскиот музеј на север од Црвениот плоштад. Тоа е најголемиот музеј на руската историја, прикажувајќи огромна колекција на артефакти од античко време до денес. Друго значајно обележје е и "Lobnoye mesto", тркалезна платформа на која се одржуваат јавни церемонии. До него се наоѓа споменикот на Минин и Пожарски кои помогнале да се ослободи Москва од полските освојувачи во 1612 година.

    Веднаш покрај реставрираната Казанска катедрала и Портата Иверски има многу импресивен трговски центар ГУМ, најстариот во Русија кој повеќе личи на палата отколку на трговскиот центар. Па така, кога ќе се заврши со целосно разгледување на овој плоштад, или кога времето е премногу нерасположено во зимските денови, ве советуваме да го посетите трговскиот центар ГУМ. Има елегантен ентериер со прекрасни арки на три нивоа, сите поврзани со пешачки мостови под прекрасен стаклен таван. Можно е да поминат часови во ГУМ, скитајќи околу дизајнерските продавници или уживајќи во пиењето на кафе се додека ја впивате атмосферата.

    Црвениот плоштад е многу повеќе од отворен простор за годишната парада на победата на 9 мај, што се одржува во чест на победата над нацистите во Втората светска војна. Неговата употреба во текот на историјата варира, од пазарно место каде што луѓето се собираат, до одржување на религиозни фестивали и јавни егзекуции. Денес, Црвениот плоштад е место за неколку музички концерти со висок профил, а во текот на зимските месеци се поставува голем Ice-Rink.

    Како и со минатото на Русија, наследството на Црвениот плоштад е горчливо - крваво, сурово и славно, во исто време. Нејзината магична атмосфера ги прави посетителите да се враќаат одново и одново.

Извор: www.myguidemoscow.com